Мегафон 18 јули, пред „До Ре Ми“...

Музичкиот новинар Михајло Грбевски – Мишко ја промовира својата книга „Rock n’ beat“

Музичкиот новинар Михајло Грбевски – Мишко ја промовира својата книга „Rock n’ beat“

Се надевам дека ова ќе остане како еден потсетник, а пред сé како документ, не само за мојата работа, туку за сé она што се случувало на културно-музички план во еден период во нашата држава. А, наедно и да се види како се работело во времето која јас пишував, разговарав и известував за музичките настани што се случуваа кај нас и во блиското соседство, вели музичкиот новинар Михајло Грбевски – Мишко, чија книга „Rock n’ beat“ ќе биде промовирана в петок, на 18 јули, во 12 часот пред музичкиот салон „До ре ми“, во рамки на Скопско лето.

Во книгата се објавени педесет интервјуа од дведецениска новинарска кариера на Грбевски во неколку печатени медиуми, дневни весници и неделници („Екран“, „Ритам“, „Време“, „Нова Македонија“). Книгата има четири циклуси – „Рок пролет“, „Вечен бунтовник“, „Валкан Балкан“ и „Звукот на подземјето“.

To top