Познатата естрадна брачна двојка Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски вчера имаа ултра возбудлив и необичен ден каков досега немале.
Тие си дочекаа да му прават роденден на своето синче Киан кое наполни две години.

Тематската прослава се случи во една игротека каде најмалите се забавуваа, а возрасните им се восхитуваа со поглед полн љубовен сјај за своите најмали, најмили.

Првата помисла е дека времето брзо лета, децата си растат, а како да беше вчера кога мама и тато објавија дека на свет дошол нивниот наследник.

Сега веќе потпорастат, полн енергија за спознавање на се’ околу себе, ама веќе има желби кои јасно и гласно ги кажува.
Особено една му предничи во неговото главче – да има братче.

Оваа роденденска желба не може да биде со брза реализација, но тато му вети дека ќе му биде исполнета.
Е сега, дали братче или сестриче, со божја волја, нешто ќе биде.

Среќен роденден!
фото: Instagram printscreen/ antoniagigovskaa
and jokerdam93




