Промотер

Лара Иванова, Јанг Дади, Александар Тарабунов и Сара Мејс ја изведуваат официјалнната химна на „ЕМОФ Скопје 2025“ – „Together We Shine“ (ВИДЕО)

Лара Иванова, Јанг Дади, Александар Тарабунов и Сара Мејс  ја изведуваат официјалнната химна на „ЕМОФ Скопје 2025“ – „Together We Shine“ (ВИДЕО)

Со огромна гордост и емоција ја претставуваме официјалната химна на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, насловена „Together We Shine“, со што симболично започнува финалното одбројување до настанот што ќе ја испише новата страница на спортската историја на нашата татковина. Химната не е само песна – таа претставува енергија, визија и повик до цела Европа.

„Together We Shine“ е музичка прослава на заедништвото, младешката сила и олимписките вредности – сè она што го претставува ЕМОФ.

Песната ја изведуваат четири големи музички ѕвезди од македонската сцена: Лара Иванова, Јанг Дади, Александар Тарабунов и Сара Мејс. Музиката, аранжманот и продукцијата ги потпишува реномираниот продуцент Роберт Билбилов (Justbproduction), додека стиховите се заедничко дело на Димитар Атанасовски, Сара Мејс и Љупка Андоновска.

За моќната визуелна приказна и монтажата на видеото е заслужен режисерот Стефан Стиди.

To top