Младата пејачка Лара Иванова одлучи добро да се одмори, па по Турција повторно замина на одмор. Последната објава што пејачката ја сподели е направена на Кипар, а на неа Лара е во костим за капење.

Таа сега одлучи да направи серија фотографии само од еден момент од одморот и ги сподели јавно пред следбениците на Инстаграм.

Нејзината совршена фигура, затегнатиот стомак и долгите, витки нозе беа во центарот на вниманието, а преку различните пози нагласи колку се гордее со својата фигура.

Таа покажа колку е расположена додека се сонча и фаќа тен во луксузниот ресорт, а фотографиите со сигурност им се допаднаа на нејзините следбеници, особено на посилниот пол.

Емотиконите кои симолизираа „пламен“ се редеа под нејзината објава додека Лара максимално уживала покажувајќи ја својата младешка природна убавина.

Foto: print Screen/Instagram/_lara.iv_







