Мегафон летни фестивали

Григор Копров: Охрид бесплатно се рекламира на „Охрид фест“, ТВ „Алфа“ и три балкански телевизии ќе го пренесуваат

Григор Копров: Охрид бесплатно се рекламира на „Охрид фест“, ТВ „Алфа“ и три балкански телевизии ќе го пренесуваат

Телевизија Алфа ќе врши директен пренос од двете фестивалски вечери на „Охрид фест- Охридски трубадури“ на 29 и на 30 август. Уметничкиот директор, Григор Копров вели дека има е во преговори со уште три регионални телевизии кои ќе го пренесуваат фестивалот што ќе се одржи на сцената на „Долни сарај“.

„И оваа година, фестивалот ќе почне со петминуен прилог за Охрид, и тоа го гледа целиот Балкан и дијаспората, бесплатно. Фестивалот не работи само на промовирање на млади пејачи и оддвање признание на оние кои оставиле трага во музиката, туку и на промоција на Охрид, веќе 32 година по ред. Драго ми е што ТВ Алфа и директорот Јани Бојаџи ја препознаа оваа наша заложба, за доброто на домашниот туризам. Една манифестација е успешна ако што повеќе луѓе ја следат“, вели Григор Копров. И радио „Бубамара“ е пријател на фестивалот годинава. Популарното радио ќе ги следи фестивалските случувања на сцената и зад неа. Сопственикот на радиото, Ранко Петровиќ вели дека ѝ се радува на оваа соработка со „Охрид фест“ и со Копров, кој на „Златна Бубамара на популарноста“ во 2019 ја доби наградата за животно дело. Радио “Мост” и продукција „Мост“ од Црна Гора и годинава се медиумски поддржувачи на фестивалот. „Охрид фест- Охридски трубадури“ почнува на 29 август со Фолк вечерта, а на 30 август е Интернационалната вечер. Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Сашо Гигов- Гиш, Ана Петановска, Нино Величковски, Благоја Грујовски, Бојан Маровиќ, српскиот евровизски претставник Принц од Врање се меѓу пејачите кои ќе настапат на 32. издание на настанот. Специјален гостин е Оливер Мандиќ.

To top