Најмладата натпреварувачка во оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Ива Јокановиќ (18), блесна во финалната вечер каде што го покажа целиот свој вокален, но и раскошниот телесен потенцијал.

Пејачката се потрудила и во делот на сценскиот настап, кој за момент наликуваше на дел од музички видеоспот, со раскошна сценографија. Во романтична атмосфера, на маса полна со цвеќе, овошје, шампањско и свеќи, Ива запеа и го растрепери целото студио.

На сцената ја придружуваа двајца танчери кои го завршија настапот, а во моментот кога еден од нив ја донесе на средина од сцената, сите останаа без зборови.

Имено, Ива се појави во прекрасна бела долга тоалета до глуждови, со деколте кое повеќе откриваше отколку што криеше, а кројот на фустанот го истакнуваше нејзиното совршено извајано тело.

Натпреварувачката зрачеше со елеганција и префинетост, исто како и досега.

Но, она што направи сите да останат подзинатисо паднати вилици, како што можат да ве остават само ваквите раскошни убавици, беше токму отвореното деколте на пејачката.









