Роденден е денот што го чекаме цела година… Сите… Ама не сите ги откриваме годините. особено не дамите. До душа ним и не им се бројат, ама водителката на емисијата „Магазин“ на ТВ Сител, атрактивната Јелена Богојевиќ (екс Спасиќ), очигледно не пати од такви формалности. Затоа и годините не ги сокри откако покажа дека го прославила својот роденден.

Роденден без торта не бидува, а фотографиите го овековелчиле моментот на познатат „Happy Birthday to YOU…“ и дувањето на свеќичките. Токму тие ја открија и бројката која водителката и не сакала да ја сокрие.

До душа, дали затоа штои бројката се уште е прилично „ниска“ па се уште “држи вода“ или едноставно истото ќе го стори и по триесетина години, живи биле па виделе?!

Како и да е, на водителката годините и се слатки… како и тортата, а ио самата таа… А како и не би била со таква става, како некогашна манекенка!
Но она што е многу послатко секако беа роденденските честитки од најсаканите.

Од наследникот и сопругот…

Впрочем, сјајот во очите и широката насмевка се доволна потврда, кој е најсреќен кога најмилите му честитаат роденден.

„Благодарам на сите за убавите желби и честитки, да се враќа со убаво“, им се заблагодари водителката на сите што и го честитаа и дополнително и го разубавија овој посебен ден во нејзиниот живот.


Инаку, Јелена Спасиќ ( Богојевиќ) на пошироката јавност најмногу и стана позната по емисијата „Фчерашни, а како малечка глумеше и во култната детска серија „Нашето маало“ каде ја играше малата Матеа.
Фото: Фејсбук/Jelena Spasic





