На Марија Луиса Тодоровска ни зиме ни лете „тезги“ очигледно не и недостасуваат.

Дење опуштена кежуал по шорцеви и патичиња, навечер скоцкана и стокмена за на свирка. Она што и недостасува некои се потрудија да го одгатнат во едно од нејзините последни „сториња“ на Инстаграм.

На него пејачката во скутиот држи бебенце, а во рацете неговите мали бебешки ноџиња. Моментот на фотографијата Марија во еден збор го објаснила: „Преслатко“ – напишала во описот пејачката. И тука тргнува полемиката: Што и зошто на Марија Луиса Тодоровска оваа слика и е преслатка.

Едни веднаш почнаа да тврдат дека заради меракот и неостварената желба да се реализира како млада мајка… Или мајка воопшто, па логично дека секое бебенце и се’ на него и е преслатко!

Армо ама, оние што малку подетално паметат, веднаш ја извадија другата страна на приказната, демантирајќи ги овие претходниве, дека не е тоа што сите првин помислија, а доказот стигна од гостувањето на Марија Луиса во една емисија. Или поточно во еден од поткастите на Лазаров со покојниот Зоки – Фаци.

Таму пејачката тврдеше дека сака развиени мажи, кои мирисаат перфектно и… да имаат убави прсти на нозете!

Она што после тоа се случуваше, погледнете го во видеото и самите процените, заошто бебешките ноџиња и се преслатки на Марија?

Дали е во прашање неодолива желба за мајчинство или само фетиш, во случајов стопалата како дел од телото што предизвикува неодолива сексуална возбуда кај пејачката?
View this post on Instagram
Фотои видео: Инстаграм/luisa.todorovska/lazarovpodcast




