Јосиф, синот на Ирина Дишовска Камилоска и Павле Камилоски наполни две години.
Планинарката и пејачот редовно се активни на социјалните мрежи па се огласија и сега на Инстаграм за убавиот повод кој го имаат.

Имено, Ирина сподели фотографија на кратката приказна на Инстаграм со следбениците. Таа покажа дел од роденденската атмосфера, каде Јосиф седи покрај помалата сестричка, а околку нив се распослани многу мечиња со роденденски капи и наоколу балони кои создаваат топла и весела атмосфера што ја нагласува радоста од овој момент.
„Среќен роденден мамино дете. Две години поминаа како луди“ – напиша во описот таа.

Јосиф , на свет дојде на 18-ти јуни 2023. година, а по една и пол година, во 2025, ја доби сестрата Лена.

Нивната мама, Ирина, за време на бременостите активно вежбаше, а со активностите продолжи и сега. Таа веднаш ги запозна своите деца со природата и планинските убавини. а убавите моменти со радост ги поделува пред сите со цел да ги мотивира и останатите родители.


foto: Printscreen/instagram/irinadisho





