Иако можеби ви е незамисливо да ја видите ТВ водителката на „Брза кујна“, Сања Савеска, да биде налутена, намрштена и опасно изнервирана, ама и оние кои што веруваме дека се најпозитивни и редовно насмеани, не остануваат имуни на она што го носи денот и опкружувањето.

На Сања, како и на сите, и се случи токму ова, па реагираше на Инстаграм за тоа што некој најверојатно и направи емотивен атак, за што таа бурно реагираше со пораката:
-Некои едноставно живеат врз основа на лага и манипулации. А мене кога растев ми викаа кој лаже тој и краде, има вошки и спие на таванот. Но за жал некои се научени да лажат и повредуваат!- стои во „стои“ објавата на водителката.

Иритирана, повредена и изнервирана од она што некој и го „сервира“, и „згазна на жуљ“, а таа не можеше да се воздржи, па вака јавно да го каже она што и лежи на душа, па тој што треба ќе си се пронајде.
На крајот… подобро да се дознае како стојат нештата, отклку да се гравитира околу нешто лажно и испревртено.
фото:Instagram printscreen/sanja_saveska







