Радио Милева блеска од среќа

Сузана Гавазова со солзи радосници во очите: Ќерките ја кренаа до облаци – „Вистинската музика е во срцето“

Сузана Гавазова со солзи радосници во очите: Ќерките ја кренаа до облаци – „Вистинската музика е во срцето“

Родителите се пример и водечка фигура по која се градат и обликуваат децата, а кога и гените ќе си го направат своето, тогаш неминовно е од наследниците да се очекува во некои карактерни особини и таленти да повлечат на мама и тато, баба или дедо…

А кога доволно ќе потпораснат тоа да го препознаеме и истото ќе го покжат дека присвоиле како крвно наследство, е тогаш убавото на душа е неописливо.

Токму таква убавина и гордост за да полета си дочека пејачката Сузана Гавазова  од ќерките Емили и Селена кои свиреа на завршен годишен концерт по клавир во музичкото училиште кое и двете го посетуваат.

Како Селена, така и Емили седнаа пред клавирот и ја отсвиреа композицијата што изминатите месеци ја усовршуваа.

-Ќерки оваа година ја завршивте со срце полно музика, труд и посветеност. Секој тон што го отсвиревте, секој ритам што го почувствувавте, беше дел од вашето растење – не само како музичари, туку и како луѓе со душа.

Горди сме на вас што покажавте дека успехот не доаѓа лесно, туку се гради со работа, трпение и љубов кон тоа што го правите. Никогаш не заборавајте дека вистинската музика не е само во нотите – туку во срцето што ја создава. Почитуван наставниче Дарко,Дарко Атанасов
Искрено Ви честитаме за успехот што го постигнавте со нашите ученички по музичко! Вашата посветеност, труд и љубов кон музиката навистина се препознаваат и даваат одлични резултати.
Горди сме што нашите деца имаат можност да учат од Вас. Ви посакуваме уште многу успеси, инспирација и радост во работата! Продолжете да сонувате, да вежбате и да блескате. Најубавото допрва доаѓа!

Гордата мама секогаш во публика, а наследничките веќе доволно потпораснати за да покажат што е она што „ги влече“  и го сакаат.  Е сега дали ќе бидат пејачки или инструменталистки, допрва ќе покажуваат и докажуваат.

фото:Instagram printscreen/suzanagavazova

To top