Сопругата на раперот и дизајнер Канје Вест повторно педизвика лавина негативни реакции со своето непристојно голо појавување во јавност и на социјални мрежи.
Таа редовно е речиси гола, секогаш и неасекаде, а тоа како од мајка родена за неа е сосема нормално.
Таа овој пат на својот профил на Инстаграм објави три фотографии во едно од најпредизвикувачките изданија досега. Носеше само мрежест топ и хулахопки.

„Како е ова воопшто дозволено?“, „Нејзиното презиме е толку иронично затоа што не цензурира ништо“, „Бјанка, зарем не ти е доста од оваа голотија?“, „Зошто? Зошто го правиш ова? За внимание? Мислам дека не ти треба“, напишаа тие.
Бјанка ги истакнала нозете во чевли со високи потпетици, а носела и очила за сонце.
Неодамна се шпекулираше дека двојката, која се венча во 2022 година, се разведува, но тоа го демантираше нивниот менаџер. Иако се чини дека Бјанка и Канје се среќно венчани, извори тврдат дека раперот ја контролира својата сопруга и затоа таа носи провокативни облеки. Извор за „Пејџ сикс“ изјавил дека Бјанка се плаши од својот сопруг и сака да се ослободи од неговата контрола.

„Мислам дека Бјанка сака да раскине, но тоа не е лесно. Канје контролира толку многу аспекти од нејзиниот живот“, рекол изворот.
Други, пак, велат дека Бјанка и Канје се вљубени и среќни и дека таа ужива во бракот со музичарот.
фото:instagram printscreen/kanyewest.cl
and momazosye/biancacensori





