Музичко – брачната „Гранд“ двојка Елена Миленковска – Гуте Маринковиќ од Белград каде живеат и работат, викендов престојуваа во Скопје, родниот град на пејачката. Престојот не беше обичен, зашто поводот беше повеќе од свечен.
Имено семејството на нашата пејачка имаше огромна причина за радост, зашто братот на Елена Миленковска, Дејан правеше свадба со својата избраничка Дубравка. А кога е свадба во прашање, а твојата сестра и зетот се познати пејачи во регионот кои ионака меѓудругото настапуваат на разни, па и на свадбени веселби, како поинаку ако тие не запеат и на твојата свадба. И тоа од самиот старт!

Во прекрасниот амбиент на еден гламурозен скопски ресторан за свадби лоциран над с. Виниче на падините на Скопска Црна Гора, свадбената веселба наликуваше на бајка. А токму по воведот музичкиот дел од бајката го отворија Елена и Гуте.

Како што е редот првиот свадбен танц на младоженците со безвременската македонска поп балада „Немир“ на Тоше и Каролина, која во дует ја изведе токму музичко – брачната ѕвездена „Гранд“ двојка, Елена Миленковска – Гуте Маринковиќ.

Нивните раскошни вокали одекнуваа во совршено ускладена музичка хармонија, онаква каква што е и нивната брачна, како своевидна честитка и желба и младоженецот и невестата на кои им пеат, во случајов братот и снашката на Елена, да имаат таков брачен живот.
Полн со љубов, почит, разбирање, хармонија…!

Младите пак го одиграа својот прв свадбен танц, по што микрофонот го презеде уште една музичка „Гранд ѕвезда“.
Македонскиот пејач Огнен Здравковски, кој со придружната група ја водеше свадбената веселба забавувајќи ги гостите до доцна во ноќта со шаренолик репертоар на добро познати македонски и регионални фолк и поп хитови.

Весели, разиграни и распеани сите гости, најмногу се разбира младите и најблиските, особено свекорот Мето и свекрвата Слаѓана и тоа уште во старт додека одеа со тамбураши по невестата.

Младите нека се среќни, вечни и многудетни!
Фото и видео: Инстаграм/приватна архива/elenamilenkovskaa/ognenzdravkovski




