По 14 години, Анџелина Џоли повторно блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, но овој пат без Бред Пит.
По четиринаесет години, актерката Анџелина Џоли (49) се појави на Канскиот филмски фестивал и ја воодушеви публиката со своето доаѓање. Актерката пристигна за доделувањето на престижната награда „Трофеј Шопар“, која оваа година ја примија младите актери Мари Коломб и Фин Бенет. Покрај тоа, таа беше почесен гостин на премиерата на филмот „Едингтон“, во кој глумат Ема Стоун, Педро Паскал и Хоакин Феникс.
View this post on Instagram
Анџелина привлекува внимание со својот елегантен изглед, а многумина ја нарекоа една од најубавите жени. Последен пат на Кан присуствуваше во 2011 година, кога беше во друштво на нејзиниот тогашен партнер Бред Пит (61).

Оваа година, таа пристигна сама, без придружба, што токму тоа поттикна еден нејзини обожавател да си ја проба среќата.
Пред хотелот каде што се одржуваше свечената вечера, еден човек од толпата ѝ се приближи на Анџелина и ја праша: „Ќе се омажиш ли за мене?“ Актерката само го погледна и продолжи, не проговорувајќи ни збор.
@marine.t00 Je m’en remets pas mdrrr #festivaldecannes2025 #cannes #cannes2025 #angelinajolie ♬ son original – MarineCherry
Со оглед на нејзината тешка и јавно разоткриена борба околу разводот од Бред Пит, се чини дека не била ниту расположена да се смее ниту да реагира на таквите наметнувања.
фото: printscreen/instagram/tiktok/bradangielove




