Пејачката Нада Топчагиќ се осврна на кариерата на помладите изведувачи, па рече: „Сите тие се деца што ќе поминат. Тетрапак што го испиваш – бум-бум-трас- и пак се враќаат на нашите хитови. Тие ги пеат нашите песни“, рече таа за медиумите. „Знаеш што е важно? Тие имаат младост.
Имаат оружје. Млади се, ама пак ги пеат нашите песни“.

За „Блиц“ неодамна рече: „Сè се смени. Се сеќавам на дружењето со Лепа Брена. Сите бевме исти, имавме еднакво, се поддржувавме. Денес тоа го нема. Постојат огромни разлики – некои имаат премногу, а други не. Се повлеков и живеам помирен живот“.
фото: printscreen/instagram




