Поранешната поп-пејачка, а сегашна инфлуенсерка дотурка до последната трудничка фаза од третиот триместар на бременоста.
Изминатиот преиод Зои секојдневно ги информираше своите следбеници за многу детали од бременоста и како тоа се чувствува од месец во месец.

Зои носи девојче кое многу наскоро треба да пристигне на свет, а пред крајот на 39-тата и почетокот на 40-тата недела од бременоста, бебето од стомак и прати лажни сигнали на мама.
Беа сигурни дека времето е дојдено, арно ама ЦТГ апаратот кој ја мери јачината на контракциите покажа дека идните мама и тато само се истрачаа, возбудија, па и исплашија лажно.

Иако терминот за породување речиси е дојден, куферот за во болница спремен, Зои и сопругот си се вратија дома, таа си облече пижами, а тој реши да здивне и да собере нови сили за следниот повик за „време е!“.

Инаку, за потсетување, Зорица Блажева во 2022 се омажи со Матијашиќ кој дојде во Македонија во 2012 и остана седум сезони во Автокоманда, каде играше за првиот и вториот тим на Металург. Потоа се пресели во словенечки Копер, пред да замине во Германија, каде игра за тимот на Сул.
фото:Instagram printscreen/zoi.blaz





