Лепа Брена и Нада Топчагиќ некогаш добро се забавуваа, а сега се појави фотографија што го докажува тоа.
На социјалната мрежа Инстаграм осамна заедничка фотографија од Лепа Брена во костим за капење и на Нада Топчагиќ топлес, на која се мачкаат со шлаг.
Имено, пејачките беа на летна турнеја во Црна Гора, а слободното време го искористија за релаксација на плажа. Потоа, без големите шешири и очила што го кријат целото лице, уживаа на плажа како секој нормален човек и лудо се забавуваа. Нада дури и го соблече горниот дел од костимот за капење, а Брена и ги намачка градите со шлаг. Таа и самата имаше шлаг на лицето.

На фотографијата, пејачките се видливо насмеани и расположени. Во тоа време, куќата на Нада Топчагиќ, воместото Калуѓериновина во близина на Тиват, била главното место за собирање на поп-ѕвездите, а токму во нејзиниот двор се создале многу убави спомени и фотографии кои сега ги потсетуваат на едно побезгрижно време.
Да ве потсетиме, не се пишуваше многу за пријателството на Лепа Брена со семејството на Нада Топчагиќ, но фотографијата од сопругот на Нада во костими за капење како седи во скутот на Брена стана вирална.

Фото: Инстаграм/estradnimuzickivremeplov







