Радио Милева ЛГБТ заедницата во шок

ЕБУ забрани истакнување на ЛГБТ знамето во боите на виножитото на Евровизија, како и сите други, освен националните

ЕБУ забрани истакнување на ЛГБТ знамето во боите на виножитото на Евровизија, како и сите други, освен националните

Годинешната „Евровизија“ се одржува за две недели во Швајцарија. Новите одлуки донесени од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) предизвикаа лавина од коментари низ целиот свет веднаш штом беа објавени, особено кај ЛГБТ заедницата.

На годинешниот натпревар ќе биде забрането веење знаме не само во боите на виножитото, кои ја симболизираат ЛГБТ заедницата, туку и на палестинските знамиња, како и на оние на земјите кои не учествуваат на Евровизија.

Холандскиот јавен сервис АВРОТРОС, објаснувајќи ја одлуката на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), истакна дека учесниците на фестивалот можат да ги истакнуваат само знамињата на своите земји. Евровизија Организацијата за заштита на правата на ЛГБТ заедницата COC ја критикуваше оваа одлука, оценувајќи ја како целосно апсурдна, пишува „NL Times“. Во образложението на одлуката, АВРОТРОС нагласија дека „Евровизија“ не е политички настан и иако виножитовото знаме, како што наведоа, не претставува политичка порака, ЕБУ сепак одлучи да го забрани неговото прикажување, како и други ненационални знамиња.

To top