Радио Милева интимни односи

Кија Коцкар откри кога ја изгубила невиноста:  Овие детали ги криела со години (фото) 

Кија Коцкар откри кога ја изгубила невиноста:  Овие детали ги криела со години (фото) 

Победничката на реалното шоу „Задруга“ и водителка Кристина Кија Коцкар еднаш одговараше на прашања од нејзините следбеници на Инстаграм и откри непознати приватни детали од нејзиниот живот.

Имено, Кија Коцкар призна дека првиот бакнеж го имала на 16 години, дека невиноста ја изгубила на 18 години и дека еднаш имала интимни односи на концерт.

– Спиев со еден дечко за прв пат кога наполнив 18 години. Им советувам на сите девојки да спијат со маж само кога се физички, емоционално и ментално зрели. Не треба да брзаат никаде. Од друга страна, бакнежот е убав секогаш кога ќе се случи – им одговори таа на своите обожаватели.

Кија, исто така, еднаш сподели за време на гостувањето во „Амиџи Шоу“ дека како млада жена сакала да експериментира, па на 20-годишна возраст имала интимна врска со своето тогашно момче на концерт на популарниот Фифти Сент.

– Се скривме некаде зад сцената, беше навистина возбудливо. Имав 20 години и сакав да експериментирам. Сега мразам, тоа би го правела само во кревет – рекла Коцкар, додавајќи дека кога била помлада се снимала себеси како води љубов.

– Тогаш тоа беше лоша резолуција, па никој немаше да ме препознае денес ако таа снимка протечеше – рекла Кија.

Кија постојано нагласува дека е среќна и исполнета и често покажува што добива од своето момче.

Таа неодамна покажа букет цвеќе што пристигнал на нејзината домашна адреса во Белград.

фото: printscreen/instgaram

To top