Радио Милева љубовни вибрации

Тијана Дапчевиќ има јасна порака до сопругот: И по толку години се’ уште ги одржува само едно (фото)

Тијана Дапчевиќ има јасна порака до сопругот: И по толку години се’ уште ги одржува само едно (фото)

„Љубовта е единствено во што верувам и единствено што има „моќ“ да го одржи секој однос. Ако ја нема, не може да биде ништо друго.“- кажа Тијана Дапчевиќ во една прилика за односот кон партнерот во една врска или брачна заедница.

Токму од оваа база тргнува секој ден, а особено сака и има намера да ја нагласи дури и јавно кога доаѓаат симболични датуми, токму како овој пат за 24 годишнината.

-Не е важен датумот, секој ден те сакам! – стои во натаписот истакнат на плочникот од јавно масто, а Тијана се пронајде во него.

Речиси две ипол децении нивната љубов е заклучена во срцата, а како што и самата кажува најважното нешто е да се разговара и ништо да не се „трука под тепих“.

Пред неколку години се пишуваше дека сопругот на Тијана Дапчевиќ и е неверен на пејачката, но таа тоа остро го демантираше.

– Се пишуваше дека Милан ме изневерил, но јас не негирав затоа што нас не не нтересираат такви работи. Не ме изневерил, ниту јас него! Сите овие години не погледнав во друг маж, бидејќи со мојот сопруг имам сè! Тоа беше и останува љубов на прв поглед. Можеби го изневерував со Џони Деп, Метју Меконахи, Бредли Купер, но во мојот ум – на мој начин, истакна Тијана.

фото:Instagram printscreen/tijana.dapcevic

To top