Радио Милева двете убавици

Ќерките на Панчеви и Црнокрак рамо до рамо на модна писта од актуелниот Скопски моден викенд (фото)

Ќерките на Панчеви и Црнокрак рамо до рамо на модна писта од актуелниот Скопски моден викенд (фото)

Од изминатио петок и викендов на Скопје му се случуваше Модниот викенд, локациски позициониран во еден трговски центар каде се претставија млади домашни и регионални модни дизајнери.

На писта дефилираа доста манекенки и манекени, а меѓу нив чекореа и две манекенки, ќерки од две познати македонски семејства – Црнокрак и Панчеви.

Моника Црнокрак и Марија Панчева совршено ги донесоа моделите кои им беа доделени да ги претстават пред публиката, а особено Марија доби доста модели кои ги презентираше на писта веќе како искусна во светот на модата.

Позитивен хаос, многу стилисти за шминка и фризура, дизајнери, организатори, многу гости кои редовно секоја година повеќе сакаат да бидат видени и да седнат во првите редови отколку да купат некој дизајн.

Нејсе, за жал години наназад така било, ама за среќа пак останало културно, па и модно да опстанува низ годините од случувањата во главниот град.

Мама Маја Панчева беше меѓу присутните, па на своите „стори“ од Инстаграм се пофали со ангажманот на „најмалото“.

Моника на Светле и Мики пак, редовно ја гледаме на разни модни едиторијали и раклами, а Модниот викенд беше само едно надополнување меѓу се’ останато од кое е и водителската позиција во „Голден карпет“ соп Миро Кацаров.

Млади, убави, згодни, полни со енергија, страст и возбуда која блика од секој нивни чекор, поглед, насмевка… Нова генерација, наследници чие време допрва доаѓа…

фото: Instagram printscreen/ fashionweekendskopje

 

To top