Пејачката Теа Трајковска вчера на кратката приказна на Инстагарам по 40 -те дена од трагедијата во Кочани, сподели серија видеа и фотографии кои ги чува како убаво сеќавање од заедничките дружби со членовите на бендот ДНК кои трагично заснаа во пожарот во дискотеката „Пулс.

Теа објави од нивните заеднички патувања и дружби со ДНК и во описот напиша: „Сеќавањата се засекогаш“.
Младата пејачка објави спомени и со Сара Пројковска придружниот вокал на ДНК на кое се насмеани и напиша дека баш таква ќе ја памети.
– Моја Сара, вака и ќе те паметам, секогаш насмеана.
Потоа сподели уште едно видео – спомен со Андреј додека пее во базен со насмевки во позадина и позитивна атмосфера.
Теа тогаш изјави дека не може да се помири со тоа дека за Андреј треба да зборува во минато време, за тоа каков беше. За неа Андреј уште е, и поради тоа така и ќе зборува за него. Таа вели дека кога ќе помисли на Андреј чувствува огромна тага и празнина, меѓутоа кога се присеќа на неговата енергија после првата тага чувствува насмевка на тоа каков беше Андреј.
А по овој шок според Теа ќе го паметиме само по убавите работи, по големата душа која ја имаше.
Сподели и заедничка фотографија со битбоксерот Мартин Атанасов, познат како Буцо Битбокс кој исто е една од жртвите на трагедијата која ја зави Македонија во црно.

Теа предизвика солзи на социјалните мрежи. Јавноста нема да се помири со големата празнина , но сеќавањата се она преку кое ќе останат да живеат.
фото: printscreen/instyagram/theatrajkovska





