Саша Поповиќ денеска ќе наполнеше 71 година, а на неговиот роденден сопругата Сузана Јовановиќ однесе торта и цвеќе на гробиштата Ново Бежанијско каде е вечниот дом на лидерот на „Гранд“.
Вдовицата на Поповиќ имала едно барање по погребот и поставувањето на споменикот, а тоа е да се сменат буквите под фотографијата на Саша, што е направено денеска.
Наместо оние што ги видовме на погребот, беа поставени нови, малку поголеми.
View this post on Instagram
Водителката Весна Милановиќ, ПР Гранд и долгогодишна блиска пријателка на Поповиќ, откри што се крие зад сето ова.
– Се’ е во ред, само нови букви се додаваат на барање на семејството – рече тогаш таа.
Саша Поповиќ во една прилика откри дека не одржал гала прослави за својот роденден, туку го прославил со семејството.

– Не славам роденден. По педесет веќе не го правам тоа, тоа беше последното што го прославив. Сега ова е најтажниот ден за мене бидејќи секоја година на 24 април сум една година постар и се поблиску сум до парцела што сега ќе ја купам – изјави еднаш Саша за „Грандонлајн“.
фото:Instagram printscreen/srbija_showbizz





