Радио Милева судбоносното „да“

Теа денес се мажи – Нови детали од свадбата на Таировиќ, еве кој доаѓа од познатите фаци (фото) 

Теа денес се мажи – Нови детали од свадбата на Таировиќ, еве кој доаѓа од познатите фаци (фото) 

Пејачката Теа Таировиќ денес ќе го каже  судбоносното „да“ на својот партнер и соработник Иван, со кого веќе долго време ужива во хармонична врска.

Теа Таировиќ денеска по две години врска во својот роден град Нови Сад треба да го каже судбоносното „да“ на својот избраник и соработник Иван.

Според планираното, венчавката ќе се одржи далеку од очите на јавноста, во интимна атмосфера. На прославата ќе присуствуваат само најблиските членови на семејството, пријателите и неколку колеги од забавната индустрија.

Меѓу гостите се пејачките Сања Вучиќ и Барбара Бобак, кои се во одлични односи со Теа. Сите детали од церемонијата се чуваат строго доверливо, а Теа ги замолила своите најблиски да ги чуваат информациите за венчавката.

Како што пренесуваат медиумите, Теа ангажирала агенција за венчавки и им ги кажала своите желби бидејќи не сакала дополнително да се исцрпува, со оглед на тоа дека и претстои напорна летна турнеја и мора целосно да се посвети на работните обврски.

Пејачката пред три месеци се одлучила за венчаницата што ќе ја носи за својот најсреќен ден, а според упатените, фустанот кој Ким Кардашијан го носела кога се омажила за Канје Вест, многу и се допаднал. Очигледно Теа веднаш стапила во контакт со француските дизајнери за да изработи ваква венчаница. Единствено што сакаше Теа беше нејзиниот превез да биде поинаков, па нацрта како што сака да изгледа, а тоа го направија дизајнерите кои ја изработија венчаницата.

Се шушка дека целата свадба ќе ја чини околу 100.000 евра, а само за венчаницата која доаѓа од Париз ќе треба да издвои 18.000 евра.

 Tea планира и во иднина да му се заколне на вечна љубов на Иван пред Бога, а како една од локациите се споменува и познатиот манастир Фрушка Гора. Но, деталите се уште се чуваат во тајност.

 

Фото: printscreen/instgaram/YouTube

 

To top