Поранешниот учесник на музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“, Александар Јосифовски по осум години заеднички се разведе од сопругата Теодора. Веста за разводот на пејачот кој ја освои публиката и со гласот и со изгледот изненади многу обожаватели.

Иако многумина шпекулираа за причините за крајот на бракот, Јосифовски посочува дека зад разводот не стои ниту измама, ниту љубомора:
„Се обидовме да исправиме некои работи, но тоа едноставно не ни успеа. Не се работи за никаква љубомора или неверство. Благодарен сум и на Теодора што беше со мене во најтешките моменти од мојот живот и тоа никогаш нема да го заборавам“ – изјави тогаш пејачот.

Непосредно по разводот Александар откри дека не само што го променил брачниот статус, туку решил да ја промени и локацијата на живеење.
Имено, охрижанецот обзнани дека се отселил од Македонија, а сега ги откри и деталите, каде е неговиот нов дом.

Иако се’ уште тврди дека Охрид и понатаму е неговата оаза на мирот, тој објасни дека нашол и стан по свој вкус во Белград.
„Белград ме освои, дојдов овде“ – кусо објасни пејачот, а српските медиуми веднаш провалија дека Александар Јосифовски всушност веднаш по разводот се вселил во станот кај една позната српска пејачка.

Дека е тоа така, призна и самиот пејач, објаснувајќи дека сепак не е тоа – она, што многумина помислија:
„Кога бев на турнеја во Америка барав стан кој ќе биде музички. Убаво беше направен, додадовме нешто, одзедовме и случајно дознав дека станува збор за музички стан“ – вели рок ѕвездата на „Гранд“ и додава:
„Прво да ја поздравиме Јелена Гербец, ова е нејзини стан. Таа била тука, така дознав, но сега овде живеам јас. Ова е тотално музички стан“ – појаснил Јосифовски.

Но, по се изгледа станот „не е празен“ и не е само музички, зашто очигледно во него има и други гости или можеби се и домаќини? Одговорот се чека од Јосифовски, ама затоа буди многу љубопитство и отвора дилеми прашањето:

„Београѓани, како е?“ на водителката и модел Вера Мештеровиќ која играше во неговиот спот за последната песна „Твој сам промашај“, прашање поставено покрај фотографијата на пејачот со една згодна и атрактивана дама?!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/alexandarjosifovski





