Водителката Сања Кужет вели дека го имала искуството колегите да и „ставаат сопки“, но дека оваа борба со нив само ја направила посилна и ја поттикнала да се бори посилно за своите соништа.
Имено, Сања тврди дека за неа се било само добро училиште.
– Да не беа луѓето кои во тој момент оние што „ги свиткаа лактите“ и се обидоа да ми ги уништат соништата, можеби немаше толку да се борам да бидам тоа што сум денес. Затоа не зборувам за тоа со горчина, туку мислам дека сето тоа ми беше школо – изјави водителката.

Инаку, Сања (41) важи за некој кој негува природен изглед, но на телевизија секогаш ја гледаме негувана од глава до петици.
Сепак, водителката нема проблем да го покаже своето „вистинско“ лице без шминка. Бринетата сега на Инстаграм објави фотографија од одморот во Хрватска на која позира на сосема природен начин.

Додека правеше селфи, Сања покажа дека на нејзиното лице е свежо и негувано.
Инаку, Кужет редовно тренира и се грижи за исхраната, па и по третото породување брзо си ја врати фигурата.
фото:instagram printscreen/sanja_kuzet




