Радио Милева нова навика

После долги години, Миле Китиќ смени еден детаљ: Сега изгледа 15 години помладо поради ова (Видео)

После долги години, Миле Китиќ смени еден детаљ: Сега изгледа 15 години помладо поради ова (Видео)

Миле Китиќ се појави на сцената во 80-тите во доста елегантен стил.

Речиси секаде пејачот беше во костум и избричен, но последниве години го промени стилот, па заштитен знак му беше брадата која пејачот ја пушташе подолго време.

 

Сега конечно реши да се избричи по осум години, а тоа и го соопшти на својата публика на еден настап. Откако беше пречекан со овации и аплаузи, пејачот на сите им се обрати со зборовите:

–  Дали ме препознавте? После осум години немам брада. Имав проблеми со алергија. Тоа не е проблем. Ама затоа тебе ти завидувам, ти имаш брада, јас немам.

 

@milekitic.za.sva.vremena #triebwerkwest #fyp ♬ original sound – Mile Kitić Za Sva Vremena

Многумина позитивно го коментираа видеото кое ги обиколи социјалните мрежи. Многумина му порачаа на пејачот дека изгледа многу поубаво и помладо и дека во иднина треба да се држи до оваа навика бидејќи очигледно е подобар од ботоксот за мажите.

фото: printscreen/instaram/tiktok

To top