Мегафон

Ученичката на Андријана Јаневска на престижниот Сан Ремо Јуниор 2025

Ученичката на Андријана Јаневска на престижниот Сан Ремо Јуниор 2025

Bечерва 26 -ти март  Тамара Грујеска настапува во финалето на фестивалската сцена во театарот Аристон во Санремо.

Фестивалот, кој годинава се одржува по шеснаесетти пат, почнува во 21 часот.

Преносот во живо може да се следи на Фејсбук страница на „San Remo Junior“.

Андријана Јаневска горда на нејзината ученичка на Инстаграм по повод настапот и даде голема поддршка и преку социјалната мрежа Инстаграм.

– Одиме на Сан Ремо Јуниор 2025! Мојата ученичка @tamaragrujeskaofficial вечерва во 21 часот ќе настапи во финалето на еден од најпрестижните светски фестивали @sanremojunior_official како претставник од Македонија! Да ја поддржиме и да и’ посакаме успех.

На сцената, освен младата гостиварка ќе настапат учесници од Казахстан, Белорусија, Франција, Јужна Африка, Црна Гора, Молдавија, Индонезија, Бугарија, Австралија, Италија, Украина, Бразил, Германија, Аргентина, Азербеџан, Финска, Узбекистан, Индија, Австрија, Романија, Русија, Тајланд, Ерменија и Малезија. Пејачите ќе ги придружува оркестарот на Сан Ремо составен од 32 музичари.

фото: Instgaram/andrijana_janevska

To top