Радио Милева последно збогум

Сара Пројковска, ангелски глас и незаменлив придружен вокал: Беше самохрана мајка на две деца – сопругот и почина пред четири години (видео)

Сара Пројковска, ангелски глас и незаменлив придружен вокал: Беше самохрана мајка на две деца – сопругот и почина пред четири години (видео)

Професорка по пијано на Факултетот за музичка уметност, Сара Пројковска, која пееше придружни вокали во групата „ДНК“ е меѓу жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Од Сара се простуваат голем број музичари со кои таа соработуваше години нанзад.

Ана и Сара беа заедно на бина секогаш и секаде, но за жал Сара не успеа да им избега на пламените јазици.

Како придружен вокал на сцена ја глдавме со ДНК, Каролина Гочева, Владо Јаневски, Елена Ристеска… а неизоставерн член како вокалист беше и од разни музички проекти.

Заедничките фотографии и последното збогум го напишаа со тешко срце.

-НЕ, НЕ, НЕ!!! Не прифаќам и нема никогаш да прифатам дека те нема! Саре сестрице моја, толку многу поминавме заедно со тебе и Ана, толку убави спомени, толку концерти, толку бендови сменивме ние три, ти беше таа која не ми дозволи да се откажам од музиката кога се разочарував! Ти- добрица, ферчина, другарчина, позитивна, пожртвувана и како човек, и како колега и како мајка на златни две деца. :((( Тоа заразно смеење со тебе нема никогаш да го извадам од главата! Тоа најубаво пеење ќе продолжи да го придружува Тоше, таму на небото. Ама Саре вака не се договоривме! Се договоривме дека ќе пееме и понатаму! Се договоривме да се видиме! Вака не!!! Не сакам да верувам, не сакам!!! Не прифаќам! Сестро моја, ти беше упорна и борбена да смениме 100 бендови, ама да не се откажеме! На крајот ти се откажа! :((( Ама зошто вака?!?! Зошто?? Не можам да престанам да те плачам, нема никогаш да те преболам! Нема! Најдобрата личност во живот што сум ја сретнала, чесна, добра, секогаш фер и коректна, секогаш поддршка, секогаш грб мој! Емотивна, убава и во душата и во лицето. Солзиве не застануваат, никогаш нема да застанат. Не не и не!!!-напиша Елена Ристеска.

Заедно на сцена пееше и со Каролина која во шок и неверување се прости од својата колешка и пријателка.

-Сарке моја, сестрице најмила, до последен момент не сакав да верувам, до последно се надевав дека е некаква грешка… толку спомени, пеења, радости, Евровизии, концерти, солзи, журки…толку години поминавме…ти и Ана сте толку голем дел од мојот живот…уште се надевам дека денешниов ден е само лош сон…многу ќе ми фалиш Сарке моја

Сара Пројковска изминатиот период се потпишуваше и како текстописец на забавни мелодии, па колегите од естрадата не ретко пееја нејзини стихови.

За Сара ќе речат дека имаше ангелски глас, ведар дух, секогаш тука за поддршка и незаборавна насмевка.

Неуморна дури и да запее по напорна свирка на пат кон дома.

Нејзиниот поранешен сопруг, џез трубачот и наставник по труба, Александар Николовски, почина на 48 години во 2021, а Пројковска беше самохрана мајка на две деца, ќерка и син.

Нејзината колешка Ана Костадиновска, која исто така пее придружни вокали за „ДНК“ и е професорка во средното музичко училиште, е во стабилна состојба и е на домашно лекување, потврди нејзиното семејство.

Почивај во мир Сара!

фото:Facebook/ Instagram printscreen

To top