Андреј Ѓоргиески, пејач и една половина од ар ен би дуото ДНК за жал го загуби животот во пожарот кој се случи синоќа во Кочани, откако им подлегнал на повредите здобиени во пламената стихија.
Веста за неговата смрт ја пренесе ТВ Телма, која ја дознава од неговото семејство. Според информациите на телевизијата, Андреј од Штип бил пренесен во Скопје каде им подлегнал на повредите.
Блиски на семејство на Андреј Ѓоргиевски потврдиле дека тој, за жал, загинал во пожарот во дискотеката во Кочани.
Тој првично успеал да се спаси, иако со тешки изгореници излегол надвор, но тргнал назад, се вратил по втор пат внатре во клубот за да спасува деца и тогаш паднала запалената конструкција од кровот врз него. Сопругата го идентификувала по часовникот.







