Промотер

Јовче Пандев го објави првиот студиски албум – „Деца корнат градина“ (ВИДЕО)

Јовче Пандев го објави првиот студиски албум – „Деца корнат градина“ (ВИДЕО)

Македонската музичка сцена добива свежо и иновативно издание со првиот студиски албум на Јовче Пандев – „Деца корнат градина“. Албумот, кој е веќе достапен на сите музички платформи, носи осум авторски песни во алтернативен рок стил, создадени од самиот Пандев.

Музиката и текстовите на сите песни се потпишани од Јовче Пандев, а аранжманите ги направија тој и Иван Петровски. Дополнително, на една од песните како аранжер учествуваше и Живко Барбутов. Албумот содржи и дуетска песна – „Дожд во друг правец“ во соработка со Ивана Василева.

Сите пресни можете да ги слишнете во продолжение на следниот линк на YouTube каналот на Јовче Пандев: „Деца корнат градина“.

To top