По смртта на првиот човек на Гранд продукција, Саша Поповиќ, многумина останаа загрижени што ќе се случи со популарното натпреварување Гранд Стар.
ПР на Гранд продукција Весна Милановиќ ги разреши сите дилеми.
-Ќе ви кажам дека Саша цело време работеше и беше во контакт со нив, цело време беше со членовите на жирито, со Воја… Пред околу месец и половина дојде во студио и доби громогласен аплауз од членовите на жирито. Секако, постои цел тим кој работи со Саша над 20 години, така што работата не може да застане ниту една секунда, бидејќи тоа би било предавство на Саша – додаде таа во Специјалното издание на Премиер викенд.

Инаку, Весна се осврна и на последните денови од животот на Саша Поповиќ.
– До последниот ден работеше и веруваше дека се ќе биде во ред и не сакаше никој да зборува за неговата болест, бидејќи беше сигурен дека ќе закрепне како сите нас. Можам само да кажам дека неговото семејство беше со него до самиот крај“, откри Весна. На прашањето дали се слушнала со Сузана, таа откри дека се слушнала.
– Секако дека сум, многу е тешко, знаете кога ќе замине некој од најблиските, многу е тешко – додаде таа.
фото: printscreen/vecamilanovic







