Радио Милева отворено писмо...

Слаткар удри по Бетмен во новата песна етикетирајќи го како предавник и цинкарош, а водителот му возврати со закана: „Ќе игнорирав, ама… стихот ‘браќата ги пикна у затвор’ ќе ти излезе низ чмар, (ч)Марко“

Слаткар удри по Бетмен во новата песна етикетирајќи го како предавник и цинкарош, а водителот му возврати со закана: „Ќе игнорирав, ама… стихот ‘браќата ги пикна у затвор’ ќе ти излезе низ чмар, (ч)Марко“

Марко Маринковиќ попознат како Слаткаристика заедно со Тони Зен пред најавениот голем скопски концерт, исфрлија нова песна… „Еуфорија“ е нивниот нов дует, песна  во која на тапет дошло сето она што не им се допаѓа на двајцата рапери. Особено на Слаткар, па меѓу останатото покрај дел од колегите од конкуренцијата на неговото мени дошла одново политиката. Само што овој пат на малку поинаков начин, зашто во стиховите „малиот“ Маринковиќ удрил по оној по кој очигледно прилично има(л) „нешто лично“… да му (ис)порача!

Имено во најновата „Еуфорија“  Слаткаристика директно удрил по Богдан Илиевски попознат по прекарот „Бетмен“ (велит), некогашен твитерџија, денес ТВ водител на сопственото политичко шоу на Алфа ТВ, кој по познатите настани од 27-ми април и упадот во Македонското собрание, заврши во затвор. Бетмен си го „одлежа“ своето и подоцна беше амнестиран, ама Слаткар во стиховите на новата песна директно го прозвал нарекувајќи го предавник и доушник (цинкарош).

„Браќана в затвор ги имаш напикано, душа боли али не знам зошто Бетмен сегде е херој, али кај нас е цинкарош…“ – рапаува во песната Слаткаристика.

На вакавата провокација преточена во сериозно обвинување и навреда ниту Бетмен  не останал должен. Тој на својот Фејсбук профил веднаш по појавувањето на песната сподели свој коментар со снимка од минатогодишното празнично гостување кај Стефан Лазаров, во илинденското издание на неговиот поткаст кој одеше од Охрид.

„Слаткар ме ставил во уста, мислејќи дека сум лајно!
Почестен сум! Инаку, ако некој се чуди зошто, во видеото подоле објаснив се. Цела минута, можда минута и пол, беше тема на муабет на илинденската епизода кај Лазаров, па после 6-7 месеци успеал да срочи 2 реченици за да ми врати за… ништото што го кажав контра него. Но, сеа веќе не е „ништо“. Не сум ја затворил устата, па ќе отворал глави јакиов! Ќе игнорирав, ама… стихот „браќата ги пикна у затвор“ ќе ти излезе низ чмар, (ч)Марко“ – му порачал Бетмен возвраќајќи му со закана дека нема туку така преку овие навреди и обвинувања да помине.

На Слаткаристика,  веројатно му е  карактерна  карактеристика да се р’чка и конфронтира со познатите… од Панчо ДНК до Бетмен Велит.

А, како што самиот Бетмен вели(т) нетрпеливоста веројатно датира од времето на споменатата емисија, кога меѓу останатото беше спомената и песната „Отворено писмо“ на Слаткаристика која излезе непосредно пред референдумот за промена на името, кој иако беше неуспешен, тогашната власт на чело со владата на Зоран Заев  го направи она што што го направи, спротивно од искажаната волја на народот.

Подоцна песната на Слаткаристика ја снема од Јутјуб и на истиот канал не може да се најде ниту до ден денес!

Како и да е, „малиот“ Маринковиќ се почувствувал прозван, па она што тогаш го заболело, сега го „исплукал“ со отровни зборови кон Богдан Илиевски, брутално етикетирајќи го како доушник и предавник.

Со ова го отворил фронтот на непријателство во кој  нетрпението преоѓа во фаза на омраза, па оттаму и сомнежите дека оваа естрадно-музичка „Еуфорија“ нема да заврши само како „епизодна сторија“, зашто Богдан во своето „отворено писмо“ веќе порача дека нема да седи со рацете скрстени, па оттаму Слаткар и Бетмен изгледаат баеги закрвени?! Причината проследете ја во видеото подолу:

Фото: Јутјуб принтскрин/SLATKARISTIKA & TONI ZEN – EUFORIJA и Фејсбук/Богдан Илиевски (Бетмен Велит)

 

To top