Надица Петрова е македонска актерка и стенд-ап комичарка, родена во Неготино. Последните 17 години живее во Скопје. Завршила два факултета, вклучувајќи го и Технолошко-металуршкиот факултет. На 24 години, одлучила да го следи својот детски сон и се посветила на актерството. Иако е невработена како актерка, активно настапува на независната театарска сцена и како стенд-ап комичарка.
Таа е основач, менаџер и актерка во театар „Златен Елец“. Покрај тоа, има учествувано во проекти како „Tell me we’re for real“ (2021), „Te dua, I Swear“ (2023) и телевизиската серија „Преспав“ (2016).
Покрај актерството, Петрова е активна и како стенд-ап комичарка, настапувајќи на различни настани и објавувајќи комични содржини на своите профили на социјалните мрежи. Петрова е активна особено на Instagram, каде што споделува комични видеа и содржини поврзани со нејзината работа и животот воопшто.
Покрај актерството и комедијата, Петрова работи и како инструкторка по актерство, споделувајќи го своето знаење и искуство со новите генерации актери.
За доаѓањето на една девојка од внатрешноста во македонската престолнина да се обиде да успее и да ги оствари своите соништа, за ресчекорот меѓу двете едукации, за големата институционална театарска сцена, обидите и сопките да се биде дел од неа, за малата приватна театарска сцена, за комедијата, хуморот и сатирата вткаени во нејзиниот стенд ап, за приватниот живот, љубовта и емотивните врски, за нејзиното родно Неготино и рецептите на мама, за најпознатиот македонски жесток пијалак кој е лек за се’, па и за душата, само ако умерено се конзумира…
И за уште стои една работа со шармантната и мошне чешита актерка и стенд ап комичарка Надица Петрова, која е нова гостинка во интер ток шоуто „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски.
Премиерно во СРЕДА, 19. февруари 2025 во 20 часот на YouTube каналот на КурирМК (