Првиот од годинешниве празници на кој по некое непишано правило на жените им се делат дарови, помина. До душа некои го славеа Св. Трифун, па поминаа само со сметка во кафеана, ама оние што го славеа и Св. Валентин празникот им бреше далеку од евтин. Ем кафеана, ем подароче за саканата, кој поскромно кој поскапо, ама сеедно… На денот на вљубените најмногу „го јадат“ ергените… Оние што не се сами се разбира, зашто љубовта на тој ден, строго во пакет со подарок се подразбира кај многумина!
Харизматичната актерка и комичарка Надица Петрова со своите стендап шоуа направи вистински бум, а со својот хумор и смеа се повеќе ја освојува јавноста, посебно кога се работи за женската публика. Затоа Надето годинава реши да го спои „убавото и корисното“ па споменатиот празник си го помина работно. Со сопствен стенд ап на плоштадот во Кавадарци.
Бидејќи за кратко време таа стана миленичка на голем број жени ширум Македонија, во пресрет на претстојниот празник на жената 8-ми Март, жените имаат прилика да ја ангажираат за да го прослават својот ден весели и до долзи насмеани во одлично расположение. Ангажманот наместо подарок, можат да го платат мажите. Оние од колективот или мажите за женска екипа собрано во некој угостителски објект, кафуле или кафеана!
Колку за потсетување Надето и лани 8-март го помина во женско друштво. Или барем дел од празничниот ден. До душа нејзината пријателка беше прилично ладнокрвна, ама сепак и се „обеси околу вратот“ на комичарката, а оваа пак од уво до уво насмеана, направи по некоја заедничка фотографија, па сликите ги постираше на својот Фејсбук и Инстаграм.
Покрај нив Надица напиша: „Славиме со Жане“!
Само што Жане е албино женка питон, со која Надица тој ден сподели љубов, држејќи ја в раце како замена за нешто друго…
Но, за да не биде дека имаме „грешни мисли“ да ви кажеме во старт, дека ние мислевме на микрофонот в раце на стенд ап за 8-ми Март!
Се’ на се’, Надица Петрова лани имаше осмомартовска дружба што не се заборава, а годинава? Ќе и биде љубовна или работна и нејзината следна празнична агенда?
Фото: Инстаграм/nadica.nadica.nadica