Јелена Карлеуша долги години е на музичката јавна сцена и важи за една од најпопуларните пејачки во регионот.
Важи за многу искрена личност, па сите знааат дека по онаа принципот на онаа, народната: „Што на ум тоа на друм“, го кажува своето мислење за многу теми, „без влакна на јазикот“! Но неретко искрено зборува и за себе и за својот живот.
Нејзината нова објава на Инстаграм привлече големо внимание, а Јелена опиша какви мажи ѝ се допаѓаат:
„Се фатив себеси дека сакам човек со очила. Но со тие многу дебели леќи за да му ги зголемат очите. Кога трепка очите му се поголеми од лицето, а кога ќе ги извади тој е речиси слеп. Какво сексуално пореметување е тоа? “ – споделила Карлеуша, па многумина јавно искоментираа дека некого препознале во описот на поп-фолк дивата. Ако се’ уште не ви текнува, размислете подобро кој и е омилен политичар на белградската „мала од скандала“. Или можеби мислела на некој сосема друг?