Славниот музичар Лени Кравиц изминатите неколку месеци е активно посветен на неговата турнеја по излегувањето на последниот и најнов албум „Blue electric light“. Летово привилегија да го слушаат и видат по третпат имаа и неговите македонски фанови, а веќе од месец април по концертите во Америка, Лени повторно се враќа во Европа.
Меѓутоа, во меѓувреме мирување нема, особено кога во прашање е проектот „Glo good foundation“ кој веќе осум години се случува на Бахамите, а за истиот е задолжен токму тој.
Имено, Лени се грижи да плати за оралното здравје на жителите од Бахамите од каде имено потекнува неговата покојна мајка, актерката Рокси Рокер.
Време за насмевки и многу среќа се случува речиси деценија наназад, а тој како што вели се чувствува благословено затоа што може да овозможни луѓето да бидат среќни, орално здрави и задоволни.
View this post on Instagram
Лени е пример за познатите со брдо пари дека среќата може да дојде поинаку или како што вели самиот дека луѓето треба да си помагаат меѓусебно и да бидат тука еден за друг.
фото: Instagram printscreen/ lennykravitz