Лице в лице

Снеже Велков во „Ништо лично“: „Другарите на големиот син мислеа дека сум му сестра, а помалиот кога еднаш дојдов со плетенки кај него на училиште ми рече – каде вака, ова не и личи на стара жена“! (ВИДЕО)

Снеже Велков во „Ништо лично“: „Другарите на големиот син мислеа дека сум му сестра, а помалиот кога еднаш дојдов со плетенки кај него на училиште ми рече – каде вака, ова не и личи на стара жена“! (ВИДЕО)

Таа една од оние ТВ лица што сите ја сакаат… Зашто според сето она што го прикажува и во своите емисии и на социјалните мрежи, ви остава таков впечаток што не може да не ја симпатизирате.

Дојдена во Скопје од еден од најмалите и тогаш најсиромашни градови во Македонија – Македонска Каменица и денес е особено горда на своето потекло. Сама се пробивала во професијата кога почнувала уште пред две децении, пријавувајќи се на разни аудиции или директно чукајќи на вратата на некои продукции и локални скопски телевизии. Се до моментот додека Натали Грубовиќ преку нејзината тогашна агенција за нови лица не ја предложила и препорачала во „Томато продукција“, од каде нејзината водителска приказна тргнува да се тркала со повремени прекини се’ до ден денес…

„Ред хот“ ја лансираше како водителка, „Бекстејџ“ ја промовираше во уредник, „Х фактор“ го интернационализираше нејзиниот ТВ лик… Го смени и брачниот статус, презимето, а потоа и професијата.

Пилатесот ќе и стане љубов на прв поглед и втора професија во годините кога ќе апстинира од ТВ екраните. Денес хоби и начин, или поточно стил на живот. Вештина која  уште повешто ја промовира и преку инфлуенсерството на социјалните мрежи, особено на Инстаграм.

Со месото и млечните производи и сето останато што е од животинско потекло е скарана, зашто веганството од здравствени причини ќе и стане секојдневие во исхраната.

За улогата на маркетинг менаџер во семејната фирма за човечки ресурси малкумина знаат, но неколку години подоцна сите дознаа како обичниот човек, особено оние од ранливите категории како изгледа да станат „ВИП на еден ден“.

Со трансформацијата на нејзините ТВ херои, одеше и нејзината, иако нејзиното лице никогаш не престана да звучи познато… Зашто таа секогаш  да каже „Нешто конкретно“… И пред ТВ камерите и зад нив!

За тоа како плива во телевизиските води сиве овие години, за водителската кариера и онаа на пилатес инструкторка, за тоа како станала девојката со точакот, за стравот и фобијата од кучиња, за машко-женските односи и дома и во нејзината емисија, за семсјтвото, бракот, наследниците, за тоа кому од синовите му е мајка, а мислат дека му е постара сестра, а за кого е „стара жена“, за генетиката, козметиката и естетската хирургија, за брендовите, слабоста и фетишот кон чевлите…

И за уште многу други нешта кои нема да ги дознаете на ниту едно друго место и никаде ниту приближно ништо слично, како во интер ток шоуто „Ништо лично“ во чие последно издание лице в лице пред микрофонот со Антонио Димитриевски беше  македонската ТВ водителка и екс пилатес инструкторка Снеже Велков.

Премиерата оди секоја СРЕДА,  во 20 часот на  YouTube каналот на КурирМК (каде репризно можете да го погледнете исто така во секое време.

To top