Јавноста го пречекува новото музичко шоу „Хајп Ѕвезди“, кое ветува да биде најголемото музичко случување на Балканот. „Хајп Телевизија“, канал кој рапидно расте и се етаблира како медиумска сила, ќе биде домаќин на ова спектакуларно шоу. Ова е продукција која ќе понуди платформа за младите таленти да блеснат и да се пробијат на музичката сцена.
„Хајп Ѕвезди“ е создадено по примерот на најголемите светски шоуа, но со адаптација за балканската публика. „Хајп продукција“, со своето богато искуство, гарантира дека ќе го извлече најдоброто од секој учесник. Можноста за младите таленти да се трансформираат од анонимни имиња во мега ѕвезди за само неколку месеци е повеќе од привлечна како животна шанса која не се пропушта.
Македонија ќе биде дел од ова шоу. Скопје ќе биде центарот каде што македонските пејачи ќе имаат можност да ги покажат своите вокални и изведувачки вештини. Аудициите започнуваат на 1-ви март, а дотогаш ќе бидат објавени сите потребни детали за учество.
Жирито на „Хајп Ѕвезди“ е составено од врвни имиња кои се мошне познати на балканската музичка сцена. Предводен од несомнено најголемата ѕвезда, Аца Лукас, жирито гарантира шоу за паметење. Покрај него, во жирито ќе седат и Мира Шкориќ и Мирослав Илиќ, две имиња кои со своите успеси и моќни кариери ќе додадат дополнителна тежина на ова шоу. Но, продукцијата има подготвено уште неколку изненадувања – две имиња кои сè уште се чуваат во тајност и кои ќе го комплетираат жирито.
Ова е повик до сите млади таленти да се подготват и одговорат на шансата која може да им го промени животот. „Хајп Ѕвезди“ за нив ќе биде не само од шоу туку и сцена за соништата да им станат реалност!