Радио Милева мераци

Дубаи, Доменикана, Малдиви… Уште еден познат македонски пар на езотично патување во топлите краишта (фото)

Дубаи, Доменикана, Малдиви… Уште еден познат македонски пар на езотично патување во топлите краишта (фото)

Ако за најголемиот дел изборот за зимски одмор се снежните планини на чист воздух,  далеку од густиот смог и магла, за мал дел опцијата е промена односно примена на друго годишно време- лето.

Катарина Ивановска со саканите отпатува во Дубаи, шеф Марк и сопругата Василка на Доменикана, а сега уште една брачна двојка се реши на ваква топла и егзотична авантура.

Имено, младиот актер Жарко Димоски, сопругата Андреа и синчто Вито, празничните зимски денови ги минуваат на Малдиви.

Среќни, раскомотени, препуштени на убавините, семејството очигледно се почесто сака да патува онаму каде е топло.

Откако малиот Вито наполни една година, брачната двојка постојано е на нова дестинација, секако кога тато Жаре успева да најде време меѓу бројните театарски ангажмани во земјата и регионот.

Дека им е убаво, а за истот сакаа да се пофалат, Жаре и Андреа ги наполнија своите профили од социјалните мрежи, а секако најрадосен за доживувањето беше малиот Вито кој веќе е потпораснато бебенце од година ипол.

фото:Instagram printscreen/zakdim

To top