Радио Милева не можеше да им премолчи...

Миа Костова во одбрана на Христина Балканов – новата директорка за економска дипломатија во МНР: „Општеството има проблем со успешни жени, особено ако се убави“ (ВИДЕО)

Миа Костова во одбрана на Христина Балканов – новата директорка за економска дипломатија во МНР: „Општеството има проблем со успешни жени, особено ако се убави“ (ВИДЕО)

Жени кои се осмелувале да успеат и да заземат јавни позиции често биле мета на етикети што имале за цел да ги омаловажат. Така е веројатно насекаде, особено на Балканот и најмногу кај нас, каде за убавите и сексапилни жени кога ќе дојдат на важни позиции веднаш почнуваат да кружат „сто муабети“! Најчесто, недолични!

Така беше и овој пат, откако Христина Балканов, неодамна беше примена во МНР  на позиција  директор за економска дипломатија, во јавноста како по обичај мислењата преку ноќ се поделија. Социјалните мрежи веднаш зовреа, едни жестоко почнаа да ја напаѓаат, омаловажуваат, па и навредуваат, други се обидуваат да ја бранат и го оправдуваат ваквиот потег на државата.

Коментарите, оние негативните најчесто се на сметка на нејзиниот изглед, провокативното облекување и „слободниот“ стајлинг кој новата директорка за економска дипломатија го преферира и практикува, а фотографиите од нејзините профили на социјалните мрежи  тоа го потврдуваат.

Од друга страна пак многумина застанаа на нејзина страна, велејќи дека убавината и изгледот, можат да бидат само плус во дипломатијата, а се јавија и оние кои со неа студирале, нагласувајќи дека убавата директорка била најподготвена и најдобра од сите нив кога е знаењето и владеењето на материјата во прашање.

Во целата полемика се вклучија и некои од јавните личности, а една од нив е и веројатно во моментов најпознатата и највлијателна македонска инфлуенсерка Миа Костова, која  има нешто да каже за ситуацијата со Христина Балканов, која е примена во МНР пред еден месец како директор за економска дипломатија.

Миа застана во одбрана на убавите, згодни и сексапилни жени кои доаѓаат на важни државни функции, бранејќи го ставот дека сигурно не се таму затоа само што се убави. Веројатно имаат во себе и нешто повеќе, а за нападите на социјалните мрежи смета дека повеќето се исценирани и организирани од опозиционите партиски ботови.

„Најприродно, неплатено, неполитички врзано, ненарачано видео иако изгледа такво. Зошто? Затоа што и јас сум таа жена која е плукана за тоа која е, како изгледа и што прави. И јас и ти сме Христина ако сме успешни“ – објави Миа Костова, па еве што се кажа во својата приказна за новоназначената убава и сексапилна македонска директорка за економска дипломатија во МНР…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Kostova (@miandrija)

Фото и видео:  Facebook – Hristina Balkanov/ Instagram –miandrija

To top