По повод 43-тиот роденден на неговата сопруга Кејт, принцот Вилијам ја пофали нејзината за восхит „вредна сила“ што ја покажа во изминатата турбулентна година обележана со нејзината борба со ракот, опишувајќи ја како „неверојатна сопруга и мајка“.
Изминатата година на принцезата од Велс беше обележана со болест, абдоминална операција и хемотерапија, кои ја оддалечија од нејзините должности и очите на јавноста.
„До најневеројатната сопруга и мајка: Силата што ја покажа во текот на изминатата година е восхитувачка“. Џорџ, Шарлот, Луис и јас сме горди на тебе. Среќен роденден Кетрин, те сакаме“, напиша Вилијам на нивните официјални профили.
To the most incredible wife and mother. The strength you’ve shown over the last year has been remarkable. George, Charlotte, Louis and I are so proud of you. Happy Birthday, Catherine. We love you. W pic.twitter.com/VIW5v2aKlu
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) January 9, 2025
Пораката беше придружена со нејзина црно-бела фотографија.
Роденденската честитка е испратена и од официјалниот профил на монархијата.
„Среќен роденден на принцезата од Велс“, гласеше пораката од кралското семејство.
Happy Birthday to The Princess of Wales! 🎂 pic.twitter.com/AaLOjsbOPn
— The Royal Family (@RoyalFamily) January 9, 2025
Кејт го прослави роденденот во мир во својот дом во Виндзор, на околу 50 километри западно од Лондон.
Фото: print Screen/Instagram/ Twitter /instgaram/_kate_middleton_royal