Радио Милева оган и лед

Така ладна, а сепак толку жешка: Теа Трајковска е ледена убавица или жив оган кој гори во „снежната кралица?“ (ФОТО)

Така ладна, а сепак толку жешка: Теа Трајковска е ледена убавица или жив оган кој гори во „снежната кралица?“ (ФОТО)

Теа Трајковска  оддамна докажа дека е луда по промени… И физички и стилски и музички… За оние љубовните, се’ уште не се изјаснила ниту пак јавно пофалила на социјалните мрежи, зашто интимата засега ја остава само за себе и мал круг околу себе.

Затоа пак она што треба да се слушне и види Теа со нескриена страст го покажува… Музичките дуети  со ДНК (Амајлија) и Таско (Сатурн) и го кренаа рејтингот, па сета таа слава црвенокоста убавица ја надполнува и со постојана промена на стајлингот.

Зимата е одлична прилика за стајлинг кој прилега на нејзината симболика, па затоа младата пејачка ја искористила можноста да го покаже сиот свој сексапил скриен под навидум студената елеганција.

Во бела куса бундичка, со крзнена шубара на главата пејачката наликува на сибирска контеса… Ладниот поглед само навидум ја прави така студена, а всушност зад ледената убавица, се крие жив оган кој гори во снежната кралица!?

Долгите нозе доминираат во речиси сите пози од зимската фотосесија на атрактивната Теа, чиј сексапил ја зголемува возбудата доведувајќи ја до точка на неподнослива желба за скокотливо сознание: „Носи ли нешто заводливата момичка под нејзината бела бундичка?“

За неизвесноста да не биде неиздржлива, се погрижила самата пејачка со последната фото поза на која низ раскопчаната бундичка јасно можете да проследите дека срамежливо ѕиркаат тексас шорцевите!

Колку за да нема забуна, нагаѓање или грешка… Теа Трајковска во новата фотосесија, така ладна, а толку жешка!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THEA (@theatrajkovska)

Фото: Инстаграм/theatrajkovska

To top