Живот и стил

Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде нов партнер (видео)

Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде нов партнер (видео)

Во 1956 година, научниците од американското Национална служба за диви животни на Мидвеј Атол – остров во Тихиот Океан којшто служи како живеалиште за птици албатроси, забележале женка како се гнезди во таа област.

Потоа ѝ ставиле ознака на ногата за да ја следат. Овој вид почнува да се размножува на возраст од околу пет години, па научниците претпоставиле дека таа птица е родена околу 1950 година. Ја нарекле Виздом (Мудрост).

Според научните проценки, таа единка сега има 74 години и се смета за најстарата дива птица во светот. Досега извела дури 60 јајца, а последниве четири години, Виздом мистериозно останала и без својот долгогодишен партнер, па и не несела јајца.

Но, оваа година, набљудувачите открија дека Виздом нашла нов партнер.

-Таа повторно го направи тоа. Најстарата позната дива птица во светот, Виздом има нов партнер и само што снесе уште едно јајце, соопшти американската служба.

Атолот Мидвеј се наоѓа северозападно од Хаваите, и е дом и засолниште на илјадници морски птици коишто тука доаѓаат да ги снесат своите јајца. Благодарение на проектите за заштита, оваа област нуди безбедно засолниште за Виздом и многу други птици како неа.

извор:kurir.mk

фото:Freepik

To top