Радио Милева од плодните години

Весна Змијанац отворено за заработката во 90-тите: „Три згради можев да купам без око да ми трепне“

Весна Змијанац отворено за заработката во 90-тите: „Три згради можев да купам без око да ми трепне“

Весна Змијанац е една од најголемите естрадни ѕвезди, една од најактивните и популарни на територија на поранешна Југославија.

Најголем број хитови објавила во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век, кога заработила најмногу пари. Пејачката не сака да открива бројки, но како што вели, благодарение на своите песни заработила големо богатство.

– Најубаво се сеќавам на концертот што го одржав во 1990 година, бидејќи атмосферата, сама по себе, беше прекрасна. Не сакам да зборувам за пари, ретко зборувам за тоа, но тогаш заработив многу пари. Да ви дадам подетално за колку пари станува збор, ќе споредам со тоа што по враќањето можев да купам три згради во улицата Кнез Михаилова без око да ми трепне. Толку добро поминав тогаш – изјави еднаш Весна за српските медиумите, додавајќи:

-Песната „Идем преко земја Србија“ ја снимив во најнезгодно време, иако не знаеја дека е важно што ја пеев во време на санкции. Многу ми е драго и признавам дека цело време сум била тврдоглава – открила пејачката.

фото:Instagram printscreen/vesna_zmijanac_official

To top