Радио Милева љубовен живот

Јелена Розга откри што мислат нејзините родители за новото момче (фото)

Јелена Розга откри што мислат нејзините родители за новото момче (фото)

Пејачката Јелена Розга, која ќе одржи дури седум концерти во Белград, е многу таинствена кога е љубовниот живот во прашање.

Меѓутоа, таа неодамна призна дека повторно е среќна во љубовта, дека нејзиното момче има сини очи, а сега призна и некои нови детали.

Имено, на прашањето како ја поднесуваат разделбата со оглед на тоа што Јелена постојано патува, таа призна дека тие двајца се во иста индустрија.

– Се е многу полесно со оглед на тоа што ја работиме истата работа – рекла Розга, сè уште не откривајќи го идентитетот на својот партнер.

Она што е интересно е што таа го запознала и со нејзините родители.

– Ги има најубавите работи. Сè на него ми е најубаво. Мама го обожава, а и тато, стариот Розга – признала пејачката за „Ин Магазин“.

фото: printscreen/instagram/rozgajelenaofficial

To top