Јасмин Алиевски кого пошироката јавност го запозна по неговото повеќекратно учесто во најпопуларното регионално музичко талент шоу “Ѕвездите на Гранд“, каде беше еден од многуте македонски кандидати, кои се обидоа да си пробаат среќата во регионалните естрадни води, заплови во брачните води со својата избраничка Кристина.
Младенците детали во вид на фотографии и видеа од црковната венчавка и свадбата споделија на социјалните мрежи. Пејачот променет во црн смокинг костум со пеперутка вратоврска, додека невестата во бела венчаница со тантела во „принцеза крој“ и куса, бела, крзнена бундичка на себе.
Во еден од божјите храмови младите со круни на главите се заколнаа на вечна љубов…
Во црковниот двор пак два бели гулаби в рака, а потоа со јатото во широк лет… Како симбол проширување на семејното јато и веројатно за мир… в куќи!
И секако еден свадбен бакнеж со желби рој!
Свадбената веселба потоа можеше да започне во еден угостителски локал. А таму свадбените картички за свадбената вечера со необична фора на нив… Порака од типот: „Наздравете безброј пати за нас, а ние мислиме на вас…“ и на картичката прикачена таблета против главоболка предизвикана од мамурлок.
И првиот свадбен танц на младите необичен… „Од овој ден“ – песната, која го означи нивниот најважен ден во животот барем засега, а истата во изведна на никој друг туку младоженецот. Јасмин и невестата тазаедно танцуваа, атој неа и пееше на увце, а на гостите на микрофонот прикачен за истотото.
Во еден момент од свадбата зетот го зеде и микрофонот в рака, па специјално за својата сакана и сите гости испеа неколку песни, меѓу кои и неколку патриотски македонски.
Потоа моменти за зурли и тапани, македонското знаме со сонцето од Кутлеш и качени на столче младите.
На свадбата беше и колешката на Јасмин од регионалното музичко натпреварување, Славица Ангелова, инаку победничка во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа исто така блескаше и како појава и со своите пејачки изведби.
Потсетуваме, Јасмин иако не успеа да стигне до финалето во шоуто, тој сепак потпиша договор со продукцијата и ја продолжи соработката. Набргу потоа, пред точно три години македонската „Гранд ѕвезда“ ја побара раката на саканата, а таа кажа – „Да“!
„Вчерашниот ден во мене пробуди емоции за кои што не знаев ни дека постојат.
Благодарам злато за овој прекрасен момент, секој ден да ни биде се посреќен. Официјално: Таа кажа – ДА“ – напиша тогаш младиот пејач на социјалните мрежи покрај фотографијата како доказ за свршувачката со својата сакана, на чија рака блесна вереничкиот прстен!
Од нас им посакуваме да се среќни, вечни и многудетни!
Фото: Инстаграм/jasminalievski