Синот на Марија Шерифовиќ, Марио денеска, 2 декември, го слави својот прв роденден, а пејачката на својот Инстаграм профил ги откри деталите од ноќта кога стана мајка.
Марија ја сподели фотографијата на синот на која малииот позира на плажа, а со честитката освои многу луѓе.
– Не спиев два дена и две ноќи. Во 2 часот по полноќ се спакувавме и се упативме кон болницата. Во апсолутен мир и среќа. Цел ден и цела ноќ ја слушавме „What a Wonderful World“ – почна Марија, па продолжи:
View this post on Instagram
– Ми се чини дека мојот сакан Лос Анџелес беше најубав таа вечер. Дека ѕвездите никогаш не светеле посилно. Тргнавме да ти посакаме добредојде на светот, малечко мое, најубаво. Ме прашуваат, синко, дали мојот живот се промени? А не знам ни како да им објаснам колку се смени… Не знам како да им објаснам како е можно некого толку да сакаш. Велат дека децата ги избираат своите родители… И не ми останува ништо друго, освен да се прашувам до последен ден што направив за да те заслужам тебе, таква совршена личност. Среќен роденден за тебе, синко. те сакам, пишува Марија во описот.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Марија Шерифовиќ доби син благодарение на сурогат мајчинството, а целиот процес го чуваше во најстрога тајност, се додека бебето не се роди во Соединетите Американски Држави.
фото:Instagram printscreen/serifovic