Емотивниот живот на Душко Тошиќ повторно е тема на јавноста откако Курир.рс објави дека има некоја нова во неговото срце. Новата девојка на Душко Тошиќ, според споменатиот медиум, е успешна и привлечна жена, која дефинитивно наликува на неговата поранешна сопруга Карлеуша.
– Душко зад себе остави едно поглавје од животот. Таа е многу успешна жена, а можам да ви кажам дека е и многу убава и привлечна. Тие се вљубени еден во друг како тинејџери. Тие се на иста возраст, а се запознале преку заеднички пријатели на приватна забава – вели извор добро упатен во животот на фудбалскиот менаџер.
– Се среќаваат во ресторанот на неговиот најдобар пријател во Сењак, бидејќи таму имаат максимална приватност. Душко отсекогаш важел за голем заводник, џентлмен, а оваа дама целосно го променила, па сака да се смири покрај неа. Засега не сака да ја претстави во јавноста.
Новата девојка на Душко Тошиќ, како што пишуваат медиумите, му е сопатничка на многубројните патувања, а Душко со неа го променил животот.
– Зад Тошиќ е турбулентен период. Верувај ми, тој многу се промени. Ништо не го интересира освен ќерките на кои е максимално посветен, работата и избраничката со која ужива. Заедно патуваат, одлично се сложуваат и можам да ви кажам дека нашол мир. А во неговата работа како фудбалски менаџер работите се одвиваат како што планирал. Има тесен круг на луѓе кои ги гледа, а тој начин на живот совршено му одговара, кажал анонимен и близок извор за споменатиот срспки медиум.
фото:Instagram printscreen/duskotosic