Новинарката, писателка и водителка на култната емисија „Балканском улицом“, Весна Дедиќ (56) одбројува до 57-ми роденден, иако ретко кој би ѝ ја дал возраста која гордо ја носи.
Важи за дама со стил, а каде и да се појави, сите објективи на фоторепортерите се насочени во нејзин правец. Весна често истакнува колку ја сака емисијата „Балканском улицом“ која ја води и уредува 23 години. Таа во последната емисија блесна во дури три стајлинзи, а многумина се согласија дека не се знае во која верзија повеќе плени.
Првиот беше впечатлив црн корсет без прерамки , кој го покажа нејзиното бујно деколте, а го носеше со сатенско здолниште кое допираше до подот, додека забележливо е дека за обувки избра сандали. Овој стајлинг беше проследен со адекватна фризура во форма на коса крената во пунџа, додека некои прамени беа намерно искривени, а обетките со зелени камења даваа дополнителен шмек на гламур.
Вториот стајлинг беше во форма на циклама фустан кој имаше и корсет со беж прерамки, кој ги истакнуваше нејзините гради, додека во долниот дел имаше здолниште кое строго ја следеше линијата на телото, истакнувајќи ги сите адути на Весна. Паѓа на земјата, додека во горниот дел водителката имаше ракави кои и ги откриваа рамениците, а одеше веднаш над лактите со додавање на пердуви во иста боја.
Во однос на третиот стајлинг, Весна се одлучи за елегантен црн костум во форма на сако и панталони во комбинација од црни и светки кристали, кој изгледаше доста гламурозно. Во описот на подготовките за емсиите, таа истакна колку уживала во секоја трансформација.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Дедиќ вели дека нема никаква тајна поради која изгледа одлично на оваа возраст, но импресионирана е од тоа што многумина истакнуваат дека таа изгледа секој ден поубаво и помладо.
Таа смета дека жената не е на некоја „проблематична“ возраст ако има, да речеме, 56 години и дека видела дами од 65 години кои изгледаат одлично.
фото: printscreen/Instagram